Политика за Приватност и Услови за Користење

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови за користење. 

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на brash.mk, значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

1. Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на brash.mk, која е детално опишана во делот насловен: “Упатство за купување” и “Достава”,потребно е brash.mk да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на brash.mk, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и brash.mk воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

brash.mk ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија. 

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на info@brash.mk или на 070 000 000.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, brash.mk да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови за користење.

2. Гаранции и одговорности

ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО ја управува страницата http://brash.mk/ од своето седиште на ул. Маршал Тито бр. 98-А 2330 Берово. Така, ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Македонија, тоа го правите свесни за последиците и Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги. 

Дополнително, ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линкоците, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб- сајт. Сепак, ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија. 

3. Достава

Курирската служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-15h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена. 

4. Право на рекламација

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка. 

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 15 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети и сл. 

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 070 000 000 или на нашата електронска адреса info@brash.mk и тоа во рок од 24 часа од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

Ако brash.mk нема ист ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. brash.mk се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во Барањето за замена. 

5. Достава на производ со недостатоци

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ. 

Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа: – врз основа на презентирање на производот; – употребата за која е разумно дека производот ќе се користи; – времето кога производот е пуштен во промет и – кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрочувачи или договорните обврски. 

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид: – својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување; – дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи; – презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и – категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот. 

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара: – бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот; – сразмерно намалување на продажната цена; – замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот; – замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на производната цена и – раскинување на договорот, враќање на платениот износ.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален. 

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда brash.mk е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила. Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање. 

6. Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

brash.mk го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија. 

7. Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница. 

8. Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички

ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

9. Политика за заштита на доверливите податоци и информации

ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање. 

10. Политика и услови на доставување на производ и услуга

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку КАРГО ЕКСПРЕС ДООЕЛ Битола на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање од курирската служба. 

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот. 

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт. 

11. Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички

ГАНА МОДНО СТУДИО ДОО ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Затвори
Затвори
Најави се
Затвори
Корпа (0)

Нема продукти во Кошничката. Нема продукти во Кошничката.





Затвори
0